ПОЛУВРЕМЕ: Тилеманс за 75 секунди обезбеди водство за Белгија (ВИДЕО)

58

Јури Тилеманс уште по 75 секунди од стартот на мечот во Келн меѓу Белгија и Романија успеа да ја погоди мрежата на голманот Ница и да и донесе предност на Белгија од 1:0 (ВИДЕО) во последниот меч од 2. коло од групната фаза на Еуро 2024.

Белгијците имаа потполна контрола на играта и огромен посед на топката, но не успеаја да искористат уште една шанса за да ја зголемат предноста во првото полувреме. Романија покажа дека е решена да игра фудбал, во неколку наврати направи добри акции, кои за жал, немаа добра завршница.

Романците својата шанса ќе мора да ја побараат во второто полувреме.

ПретходноИ Словенците прават скандали на Еуро 2024: Истакнаа знаме со паролата „Трст е наш!“
СледноМакедонските ракометарки преку Ангола до пласман во главната рунда на СП (ФОТО)