Пријателска: Моќен Тиквеш, убедлив триумф над шампионот на Косово!

3488

Попладнево во Охрид во пријателски натпревар, Тиквеш со 2:0 го победи шампионот на Косово, тимот на Балкани. Стрелец на првиот гол беше Бразилецот Робертињо во 71.минута, додека во 90. минута Вареловски ги постави конечните 2:0.

Ова беше трет контролен меч ова лето за составот на стратегот Ѓорѓи Мојсов и втора победа. Првата против шампионот на Македонија, Струга ТЛ со 4:3, втората против шампионот на Косово.

Според информациите од таборот на кавадарчани, Тиквеш и денеска одиграл навистина добро и се чини дека ќе биде во добра форма во пресрет на двомечот од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции против тимот на Бредибалик од Исланд.

ПретходноКадетките со победа над Црна Гора до петто место на Балканското првенство
СледноПОЛУВРЕМЕ: Португалија со комотна предност оди кон втора победа на Еуро 2024 (ВИДЕО)