Завчера во дербито на денот, Шпанија ја победи Италија со 1:0, со што и дефинитивно се пласира во осминафиналето. По мечот во соблекувалната на “Фуријата“ влезе шпанскиот крал Фелипе да им честита на играчите.
Најинтересно беше да се види неговата реакција кога дозна дека Јамал има само 16 години, кралот се удри по своето чело како да не верува во тоа што го слуша.
А малиот Јамал на ова ЕП просто блеска, како што тоа го правеше минатата сезона во дресот на Барса. Нема што, светскиот фудбал има во него нова мега – ѕвезда.
See the reaction from the Spanish King as he realized that Lamine Yamal is 16 years old.
Meanwhile, Southgate is denying Mainoo and Palmer a chance to showcase their talents on the biggest stage. No capping, one of these two players should be starting for England. pic.twitter.com/v3dN8WG3H3
— Fangonsports (@Fangonsports) June 21, 2024