Последното барање на Килијан Мбапе ќе го уништи ПСЖ

2065

Како слободен играч, Килијан Мбапе летово се пресели од ПСЖ во Реал Мадрид, со кого ќе се обиде да го освои она што досега не го направил – Лигата на шампионите.

Францускиот офанзивец со години се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, а сега конечно и дојде крајот на таа сага, а од следната сезона ќе го гледаме во дресот на овој клуб.

ПСЖ имаше неколку можности да го продаде на кралевите, тој тоа го одби, а сега си заминува бесплатно и ПСЖ нема да добие никакво обештетување за играчот за кој Монако плати 180 милиони евра.

Покрај тоа, сега Килијан Мбапе би можел повеќе да го чини францускиот шампион бидејќи бара огромна сума за себе.

Како што пренесуваат француските медиуми, поточно угледниот L’Equipe, Килијан Мбапе бара исплата од 100 милиони евра од ПСЖ.

Наводно се работи за неисплатени плати и бонуси, а што ќе биде на крајот останува да видиме.

ПретходноДанските фанови со интересни провокации, Англичаните нема да им го заборават ова! (ВИДЕО)
СледноДешамп: За жал, не успеавме да го најдеме патот до голот