Чешка стравува за повредата на Патрик Шик

101

Ѕвездата на чешката репрезентација Патрик Шик мораше да се повлече од мечот со Грузија (1:1) поради повреда на мускулот на потколеницата, а од Чешка стигнуваат вести дека неговиот натамошен настап на Еуро 2024 е ставен под знак прашалник. Според информацијата, повредата е најверојатно посериозна.

„Третманот на повредените мускулни ткива обично трае неколку недели. Секако, сите веруваат дека ќе биде добро. Се надеваме дека ќе биде се о.к.“, изјавил селекторот на Чешка, Иван Хашек, но, сепак, ќе мора да ги почека резултатите од медицинските тестови.

ПретходноХајдук не се шегува: Гатузо носи двајца швајцарски репрезентативци на „Пољуд“?
СледноГолема борба и промашени шанси: Белгија подобра од Романија за вистинска збрка во групата „Е“