Новак Ѓоковиќ во понеделник ќе отпатува за Лондон, но се уште нема донесено конечна одлука дали ќе игра на Вимблдон, објави Би-Би-Си.
Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос во пресрет на четвртфиналето поради повреда на десното колено. Тој пред 17 дена имаше операција на менискусот во Париз, а дали ќе игра на Вимблдон ќе одлучи откако ќе тренира на тревата на „Сеанглискиот клуб“.
Вимблдон започнува на 1 јули, а пред три дена Ѓоковиќ објави видео од тренинг во Кумбор каде се подготвува за најважниот дел од сезоната, бидејќи 13 дена по Вимблдон започнува олимпискиот тениски турнир во Париз, на 27 јули.