Ѓорческа ја очекува првата противничка во квалификациите на Вимблдон

130

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа од вчера е во Лондон, каде во текот на следната недела ќе го има вториот настап на Грен слем турнирот Вимблдон. Проблемот со визата беше надминат во текот на оваа недела, но сепак Ѓорческа немаше можност да настапи на турнир во Англија, па така останува низ тренинзи на тревната подлога со тренерот Димитар Лабудовиќ овие неколку дена да ја прилагоди играта на овој вид подлога.

За Ѓорческа ова ќе биде втор настап на Вимблдон во квалификациите (првиот го имаше во 2017 година), а женскиот квалификациски турнир стартува во вторник, а ден претходно ќе биде познат и „костурот“ во квалификациите.

ПретходноГотово е! Вардар добива странски спонзор со силен буџет!
СледноДенеска на ЕУРО: Роналдо против разиграната Турција, Белгија не смее да киксне