Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и официјално е ново засилување на евролигашот Олимпија Милано. Како што беше најавено тој ќе го носи овој дрес во следните две години.
„Многу сум среќен и благодарен што ќе имам можност да бидам дел од овој историски клуб. Возбуден сум што потпишав со Олимпија Милано и ќе се обидам да помогнам да дојдеме заедно до важни трофеи. Едвај чекам да започенеме со тренинзи и натпревари, се гледаме наскоро“, изјави Димитријевиќ.
Играчот последните две сезони ги мина во руски Уникс Казан каде се афирмира како МВП и лидер, а претходно настапуваше за шпанските Хувентуд и Валенсија.