Генералниот директор на нашиот клуб Ване Стојанов заедно со првиот помошник на шефот на стручниот штаб Душан Дошљак се во посета на ФК „Брера Тучамен“ од Мозабик кој исто така е во сопственост на Брера Холдинг. Целта на посетата е воспоставување и зацврстување на соработката меѓу двата клуба на едно високо ниво, како и разгледување на можноста за трансфер на играчи и промоција на млади таленти.
Според програмата тие ќе присустуваат на два натпревари на мозабискиот ФК „Брера Тучамен“ но и на неколку нивни тренинзи. Стојанов ќе има повеќе средби и состаноци со преставници на братскиот клуб на која ќе се разгледуваат правците на соработка во иднина.
,, Целта на нашата посета е можноста да се направи еден вид на соработка помеѓу клубовите со цел да ги оправдеме нашите заеднички цели и задачи во фудбалската заедница на Брера Холдинг. Имаме намера заедно да работиме во иднина . Да ги промовираме нашите врски преку помагање, развој и промовирање на млади таленти, можни трансфери во иднина но и градење на цврсти односи помеѓу двата клуба на секое поле,, вели генералниот директор Ване Стојанов
ФК Брера од минатата година е дел од семејството на Брера Холдинг и за една сезона ги поставивме темелите на еден сериозен клуб со добра организираност, кој наредните сезони ќе се стреми на високи дострели.