Франција одигра без голови против Холандија во меч од 2 коло од групната фаза на ЕП. Напаѓачот Килијан Мбапе го преседе натпреварот на клупата поради скршеница на носот. Тоа беше седми меч на францускиот национален тим од јуни 2022 година на кој Мбапе не бил на теренот.
А статистиката покажува дека без големата ѕвезда, Франција нема победа – забележание се пет ремија и два порази.
Последен пат кога Франција победила некого без Мбапе во тимот се случил на 25 март 2022 година во пријателски меч против БС Коска (2:1).
На другите мечеви кога Мбапе не играл или седел на клупата се:
1:1 против Хрватска во јуни 2022
1:1 против Австрија во јуни 2022
0:1 против Тунис во ноември 2022
1:2 против Германија во септември 2023
2:2 против Грција во ноември 2023
0:0 против Канада во јуни 2024
0:0 против Холандија во јуни 2024