Дамјан Шишковски (29), нашиот репрезентативен голман е нов член на шампионот на БиХ, тимот на Борад Бања Лука. Ова вечерва го пишуваат медиумите во таа земја со потврда од самиот клуб.
Да потсетиме дека Шишковски до пред некој ден беше член на Арарат до Ерменија, а претходно играше за Докса од Кипар, за Работнички, како и за Лахти и РоПС од Финска.
Интересно, до пред некоја недела голман на Сараево беше Дени Илиев, уште еден наш репрезентативен голман кој потоа се пресели во романскиот УТА Арад.