Албанската федерација се извини за случајот Даку: Овој инцидент не го одразува неговиот карактер

713

Албанската фудбалска федерација извини за однесувањето на напаѓачот Мирланд Даку на ЕП 2024. По ремито 2-2 со Хрватска во второто коло од групната фаза на турнирот, Даку со мегафон кон навивачите на Албанија ги испрати навреди кон Македонците и Србите.

„Албанската фудбалска федерација го признава неодамнешниот инцидент со нашиот играч Мирланд Даку, кој се случи по натпреварот на ЕП 2024 година меѓу Албанија и Хрватска. Разбираме дека среде спортско натпреварување емоциите растат, постапките на Мирланд беа несреќна реакција на една исклучително напната ситуација. Мирланд Даку веќе изрази длабоко каење за своите постапки и упати јавно извинување. Тој ги разбира последиците од неговото однесување и ја презеде целосната одговорност. Овој инцидент не го одразува неговиот карактер ниту вредностите кон кои ние како федерација се придржуваме“, се вели во соопштението на Албанската фудбалска федерација.

ПретходноМексико се мачеше против Јамајка, но победи (ВИДЕО)
СледноХрватска по втор пат доби казна на ЕП: Покрената е нова истрага, ќе има ли трета?