Навистина интересно ќе биде во 3.коло во групата Ф. Имено сите четири екипи имаат по 3 бода, Романија, Белгија, Словачка и Украина. Познато е дека првите две екипи од секоја група одат во следната фаза и четирите најдобро третопласирани.
Па така ако на средбата Романија – Словачка резултатот биде 0:0, тогаш и двете репрезентации ќе се пласираат во осминафиналето. Токму затоа се стравува дека овие две селекции ќе калкулираат, да не кажеме ќе се обидат да не одиграат ништо.
Останува да се види. Белгија игра со Украина и ако победи ќе биде прва, а Романија втора и Словачка трета, ако овие последни одиграат 0:0. Ако пак Украина победи со Белгија, тогаш тие ќе бидат први во групата, поразениот си оди дома.
Овие мечеви се играат во среда од 18 часот.