Германскиот интернационалец, Паскал Грос ќе биде нов фудбалер на Борусија Дортмунд. По седум години во Брајтон каде што стана миленик на навивачите, 33-годишниот играч од средниот ред одлучи да се врати во Германија и таму да ја заврши кариерата па неговата идна дестинација ќе биде вицешампионот на Европа.
Грос игра за Брајтон од 2017 година и досега запиша преку 200 натпревари, а дури има и осум настапи за Германија. Пред Брајтон, Грос играше за Инголштат, Карлсруе и Хофенхајм. Неофицијално, платата на играчот во Дортмунд ќе биде 6 милиони евра по сезона, а договорот до 2026 година со опција на продолжување за уште една. Сумата за трансфер меѓу 7 и 10 милиони евра.
Освен со Грос, Борусија Дортмунд сака да ги засили своите редови со дуо на Штутгарт – дефанзивецот Валдемар Антон и напаѓачот Сехру Гираси.