Кимих одбра пет клубови каде би можел да се пресели!

1159

Се чини дека толку беше од Џошуа Кимих во дресот на Баерн. Раководството на Баерн е свесно дека го губи еден од своите најдобри играчи, па одлучило подобро ова лето да ги пушти и нешто да заработи како отштетао отколку во јуни 2025 тој да си оди за без пари.

Што се однесува до самиот Кимих, според пишувањето на добро информираниот Флориан Плетенбург, репрезентативецот на Германија си одбрал пет клубови каде би можел да ја продолжи својата кариера.

И тоа се Манчестер Сити (ако остане Пеп Гвардиола), потоа Арсенал, Ливерпул, Рел Мадрид и Барселона.

Со оглед на тоа дека тој нема менаџер, секој оној кој сака да го ангажира ќе мора лично да му се јави.

ПретходноБизарно: Најдобар стрелец на ЕУРО е АВТОГОЛ со 6, следуваат тројца со по два гола! (ФОТО)
СледноПознати се стартните состави на средбите во Штутгарт и Франкфурт! (ФОТО)