ЛШ – квалификации: Струга ТЛ ќе го пречека Слован во Охрид!

1067

Познати се термините и сатниците на двомечот од 1.квалификациско коло во ЛШ меѓу нашиот шампион и Слован Братислава од Словачка.

Имено првиот меч се игра на 10 јули (среда) со почеток од 19 часот на стадионот “Техелне пол“ во Братислава.

Реваншот се игра на 17 јули (среда) во Македонија, на стадионот “Билјанини Извори“ во Охрид.

Инаку Струга ТЛ по вторпат во својата историја ќе игра во квалификациите во Лигата на Шампионите. Лани беше елиминирана од Жалгирис, но продолжи во квалификациите во Лигата на Конференции каде што стигна до плеј-офот.

Инаку минатото лето Струга ТЛ во Охрид играше со Жалгирис и Будуќност.

ПретходноНачо го напушта Реал после 23 години за дебитант во С.Арабија
СледноДенеска на ЕУРО: Германците се веќе во 1/8 финалето, на Швајцарија и одговара и реми