По се она што му се случуваше во изминатите неколку недели, се чини дека Новак Ѓоковиќ покажа дека како да не е од оваа планета. Тој ги изненади сите, а ги израдува неговите фанови со тоа што тренираше на терените на Вимблдон. Дали ова значи дека тој дефинитивно ќе настапи на најголемиот тениски турнир во светот, останува да се види. Сепак негов приоритет е настапот на ОИ во Париз.