Некогашниот славен голгетер на помош во Манчестер Јунајтед

135

Поранешниот холандски репрезентативец Руд ван Нистелрој е повикан да се приклучи на стручниот штаб на Ерик тен Хаг во Манчестер Јунајтед. Тој би требало да помогне во подобрување на голгетерските карактеристики на фудбалерите, да им го пренесе своето знаење со оглед на тоа дека беше еден од најдобрите напаѓачи додека играше.
Ван Нистелрој играше за Јунајтед од 2001 до 2006 година, а потоа и за Реал Мадрид, Хамбургер и последен клуб му беше Малага. Со Јунајтед беше шампион на Премиер лигата во 2002/03, освои и ФА Куп 2003/04. Три сезони беше најдобар стрелец во ЛШ (2001/02, 2002/03 и 2004/05).
Откако се пензионираше работеше како асистент на Гус Хидинк во холандскиот национален тим на СП 2014, потоа во младиот тим на ПСВ, една полусезона работеше во ПСВ предводејќи ги до трофејот во Купот и Суперкупот на Холандија, а потоа се откажа поради немањето на поддршка.

ПретходноСрпски фан до “Големиот“ Пикси: “Земи ја топката и играј бре“! (ВИДЕО)
СледноШпанија во проблеми: Јамал не смее да игра на ЕУРО после 20 часот?!