По 48 одиграни натпревари, во Скопје почнува битката за 1/4 финале

115

По 48 одиграни натпревари во прелиминарната рунда на Светското женско јуниорско првенство кое се одржува во Скопје, 32-те репрезентации од денеска се поделени во две мини-првенства. Во главната рунда се пласираа 16 екипи меѓу кои и Македонија, додека останатите 16 репрезентации ќе играат во Президент Купот.

Во Топ 16 фаза ќе играат упте: Шведска, Германија, Црна Гора, Португалија, Исланд, Холандија, Романија, Швајцарија, Египет, Унгарија, Јужна Кореја, Данска, Норвешка и Кина.

Македонската женска репрезентација е во групата 4 заедно со Португалија и Црна Гора, две селекции кои пренесоа по два бода, па за „црвено-жолтите“ патот кон 1/4 финалето ќе биде навистина тежок. Првиот меч Македонија го игра утре (16:15 часот) против Португалија во СЦ „Борис Трајковски“.

Мечевите продолжуваат уште денеска, на програмата се осум дуели во салите „Борис Трајковски“ и Јане Сандански“.

Во групата 2 ќе се сретнат Унгарија и Норвешка (16:15 часот) и Данска и Јужна Кореја (18:30 часот), додека пак во групата 1, Холандија игра против Египет, ќе има шанса да обезбеди место во четвртфиналето, додека пак Швајцарија ќе се сретне со Романија.

ПретходноПогледнете зошто беше поништен голот на Лукаку
СледноПогледнете што прави Халанд додека ѕвездите играат на ЕП (ВИДЕО)