УЕФА го суспендира Даку!

1317

Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку ја дозна казната која му ја спреми УЕФА.
Eтичката и дисциплинската комисија на УЕФА одлучи да го суспендира албанскиот фудбалер Мирлинд Даку на два натпревари поради недоличното однесување по мечот со Хрватска. Како потсетување тој ги навреди Македонците и Србите, ги поттикнуваше и навивачите да ги повторуваат неговите зборови.
Поради тоа се најде на удар на јавноста, а и покрај тоа што се извини покрената беше постапка. Неговиот клуб веќе најави казна, а сега и УЕФА ја изрече својата казна.

Тоа значи дека Даку ќе го пропушти мечот со Шпанија во понеделник, а нема да игра и на следниот меч на ЕП доколку Албанија се пласира таму. Во случај Албанија да испадне, казната му се префрла на следниот натпревар на Албанија под капата на УЕФА.

ПретходноИталија без еден од главните играчи против Хрватска
СледноУште едно заминување од Барселона!