Заврши епизодата на Оскар да Силва во Барселона. Овој кошаркар помина две сезони во Барселона, а клубот му посака се најдобро во понатамошната кариера.
Тој дојде од Алба пред две години, а минатата сезона имаше просек од 3,4 поени и 2,7 скока по натпревар.
Да Силва е роден во Германија, има бразилско државјанство, а во текот на кариерата играше за Лудвигсбург, Алба и Барселона.
Има само 25 години, а сигурно е дека има интерес од Евролигата за овој крилен центар.
Da Silva no seguirà al Barça. Moltes gràcies i molta sort, Oscar 💙❤ pic.twitter.com/eWAGsa8JyK
— Barça Basket (@FCBbasket) June 23, 2024