Ферстапен со триумф на ГН на Шпанија

94

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен победи во трката за Големата награда на Шпанија и ја зголеми предноста во генералниот пласман. Тројниот едноподруго светски шампион на Катаљуна ја запиша седмата победа сезонава односно 61. во кариерата.
Второто место му припадна на возачот на Мекларен, Ландо Норис кој тргна од пол позицијата, а трет заврши седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од Мерцедес.
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел го освои четвртото место, а петтото и шестото место го освоија возачите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Сајнц.
Наредната трка е на 30 јуни во Австрија.

ПретходноСмешно: Монтела не го пуштија на стадион, му бараа пропусница (видео)
СледноСрпски фан до “Големиот“ Пикси: “Земи ја топката и играј бре“! (ВИДЕО)