Хрватска по втор пат доби казна на ЕП: Покрената е нова истрага, ќе има ли трета?

341
Фото: Hrvatski nogometni savez

УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Хрватска со 28.000 евра поради инциденти на навивачите на натпреварот со Албанија на Европското првенство во Германија.

Федерацијата е казнета со 17.500 евра бидејќи навивачите палеле факели, а 10.500 евра за фрлање разни предмети за време на натпреварот во средата, пренесе Хина.

Тоа е втора казна за хрватската федерација на натпреварување во Германија, по паричната казна од 87.875 евра поради недолично однесување на навивачите на натпреварот против Шпанија.

Овој пат УЕФА не ја коментираше евентуалната казна за расистичко или дискриминаторско однесување на навивачите на натпреварот против Албанија.

Истрагата е покрената откако албанските и хрватските навивачи заедно скандираа: „Убиј го Србинот“.

ПретходноАлбанската федерација се извини за случајот Даку: Овој инцидент не го одразува неговиот карактер
СледноЦиркус на ЕУРО: Роналдо збесна, жестоко“ згрми и селекторот на Португалија (ВИДЕО)