Циркус на ЕУРО: Роналдо збесна, жестоко“ згрми и селекторот на Португалија (ВИДЕО)

590

На изненадување на многумина, Европското првенство во Германија го одбележа катастрофална организација. Насекаде има значителни пропусти на организаторите.

Евидентирани се голем број случаи каде навивачите успеваат да го заобиколат обезбедувањето и да истрчаат на теренот, што е едноставно недозволиво. Тоа беше особено видливо на натпреварот помеѓу Португалија и Турција. Неколку пати навивачите успеваа накратко да го прекинат натпреварот, а главна мета на навивачите беше Кристијано Роналдо.

На почетокот популарниот ЦР7 се сретна со навивачите кои истрчаа на теренот, но на крајот и тој се „насити“. Тој ги загуби нервите и одби да направи селфи со прилично агресивен навивач кој истрча на теренот.

И по мечот навивачите упаднаа на теренот и за малку ќе се повреди Гонсал Рамос, кога беше соборен од редар кој се обиде да интервенира.

Ова го разбесни Роналдо, кој не можеше да поверува дека организаторите не можат да спречат вакви ситуации.

По мечот возбуден беше и селекторот на Португалија Роберто Мартинез.

„Сето ова е неверојатно, бидејќи денес имавме среќа што намерите на навивачите беа добри. Сите ги сакаме обожавателите кои препознаваат големи ѕвезди и ги гледаат како идоли. Но, што ако тие намери беа лоши? Има многу, многу тешки моменти. Играчите се изложени и мораме да бидеме внимателни“, изјави Мартинез.

Тој ги критикуваше организаторите за пропустот.

“Мислам дека ова не треба да се случува на фудбалскиот терен. Има доволно обезбедувачи и тоа не треба да се случи. Се надевам дека ќе ги заострат мерките во иднина. Не е добро играчите да бидат така експонирани кога луѓето трчаат на теренот“, рече Мартинез.

ПретходноХрватска по втор пат доби казна на ЕП: Покрената е нова истрага, ќе има ли трета?
СледноНачо го напушта Реал после 23 години за дебитант во С.Арабија