Германците се спасија од пораз во 90+2.минута, страшни сцени во Штутгарт, Варга остана без свест! (ВИДЕО)

376

Германија сепак заврши како прва во групата – А, и тоа само благодарение на голот на Фулкруг во 90+2.минута за 1:1 против селекцијата на Швајцарија. Со ова реми Германците завршија како први во групата – А, додека Швајцарија е втора. И двете екипи се во осминафиналето и тоа дефинитивно. 

Инаку Швајцарија поведе со голот на Ндои во првото полувреме, сепак не издржа.

А во Штутгарт, каде што играа Шкотска и Унгарија навистина имаше страшни сцени. Имено по една голема гужва пред голот на Шкотска, Унгарецот Варга потешко се повреди и падна на теренот по што остана без свест. Веднаш околу него се собраа играчите, беа ставени и еден вид на завеси а несреќниот фудбалер беше однесен од теренот.

Следува аплаузи за несреќниот Варга, со надеж дека ќе се слушнат добри вести за неговата здравствена состојба.

Навистина страшно…како што може да се види од видеото:

ПретходноЕден од најдобрите играчи на Брајтон се сели во Борусија Дортмунд
СледноВо сенка на тешката повреда на Варга: Унгарците со гол во 90+10.минута славеа против Шкотска! (ВИДЕО)