Италија без еден од главните играчи против Хрватска

516

Италија ќе биде без еден од главните фудбалери во клучниот меч со Хрватска на ЕП 2024. Левиот бек Федерико Димарко предвреме го напуштил денешниот тренинг. Се работи за повреда уште од мечот со Шпанија, а поради неа не тренираше ниту вчера ниту денес. Поради повредата фудбалерот ќе го пропушти натпреварот од третото коло од групната фаза.
Тоа значи дека на неговото место ќе мора да оди Рикардо Калафиори, десно Дармијан, а како централни бекови најверојатно ќе бидат Бастони и Мансини, освен ако селекторот не одлучи да оди со поинаква формација.
На Италија и треба и бод против Хрватска, а на противникот и се потребни сите три бода.

ПретходноДруидот Артур објасни зошто Англија игра лошо на ЕП 2024
СледноУЕФА го суспендира Даку!