Капитенот на Реал Мадрид, Начо Фернандез, сигурно ќе го напушти Реал Мадрид, а неговиот следен тим ќе биде дебитантот во саудиската елита дивизија Ал-Кадсија, тврдат шпанските медиуми и стручњак за трансфери Фабрицио Романо.
34-годишниот дефанзивец е вистинска легенда за „кралскиот клуб“, каде што помина речиси 23 години од својот живот – уште од раното детство. Начо освои 26 трофеи со Реал Мадрид, забележа 364 настапи и постигна 16 гола.
Сега на играчот му истекува договорот и тој ќе замине како слободен играч во правец на Саудиска Арабија. Договорот на Начо со Ал-Кадсија ќе трае до 2026 година, а играчот веќе ги поминал медицинските прегледи.
🚨🇸🇦 Nacho will sign for Saudi side Al Qadsiah after medical done, as reported yesterday.
Contract until June 2026, Real Madrid also informed.
Nacho will say goodbye to Real Madrid after 23 years.
Here we go, confirmed ✨ pic.twitter.com/83ptSGlTm7
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 23, 2024
Саудискиот клуб избори промоција во елитното саудиско првенство и не ги крие своите амбиции.