Основачот на Фудбал Ликс ќе објави документи кои го докажуваат неправилното работење на Манчестер Сити

488

 

Основачот на Фудбал Ликс, Руи Пинто изјави дека има намера да објави во јавност документи кои докажуваат дека Манчестер Сити ги крши правилата на ФФП.

Потсетуваме дека „граѓаните“ се обвинети за 115 различни прекршувања на ФФП, истрагата започна уште во 2018 година, а нејзиното разгледување ќе започне дури наесен.

Пинто, кој претходно беше осуден за објавување фудбалски документи, рече дека ги има документите за да ја докаже вината на Сити. Тој веќе им предал дел од документите на француските и германските власти.

Извештаите за Манчестер Сити покажуваат суми добиени од клубот кои не биле пријавени до фудбалските власти. Овие документи се дел од истрагата на Премиер лигата против Сити.
Им предадов на француските и германските власти пет хард дискови со милиони документи, вклучително и за Сити, и опишав што има на секој од нив. Сигурен сум дека тие се криминално значајни“, ја цитира The Sun изјавата на Пинто.
Дополнително, адвокатите на активистот потврдија дека тој има информации кои не им се достапни на истражителите и кои досега не биле соопштени.

ПретходноСимонс не сака да се врати во ПСЖ, а францускиот првак не сака да го позајми
СледноШаркоски ќе го засили Пелистер