По 48 одиграни натпревари во прелиминарната рунда на Светското женско јуниорско првенство кое се одржува во Скопје, 32-те репрезентации од денеска се поделени во две мини-првенства. Во главната рунда се пласираа 16 екипи меѓу кои и Македонија, додека останатите 16 репрезентации ќе играат во Президент Купот.
Во Топ 16 фаза ќе играат упте: Шведска, Германија, Црна Гора, Португалија, Исланд, Холандија, Романија, Швајцарија, Египет, Унгарија, Јужна Кореја, Данска, Норвешка и Кина.
Македонската женска репрезентација е во групата 4 заедно со Португалија и Црна Гора, две селекции кои пренесоа по два бода, па за „црвено-жолтите“ патот кон 1/4 финалето ќе биде навистина тежок. Првиот меч Македонија го игра утре (16:15 часот) против Португалија во СЦ „Борис Трајковски“.
Мечевите продолжуваат уште денеска, на програмата се осум дуели во салите „Борис Трајковски“ и Јане Сандански“.
Во групата 2 ќе се сретнат Унгарија и Норвешка (16:15 часот) и Данска и Јужна Кореја (18:30 часот), додека пак во групата 1, Холандија игра против Египет, ќе има шанса да обезбеди место во четвртфиналето, додека пак Швајцарија ќе се сретне со Романија.