Селекторот на турската фудбалска репрезентација, Винченцо Монтела беше запрен пред влезот на стадионот пред мечот со Португалија. Чуварот му побара пропусница. Италијанскиот тренер се симна од автобусот и пред влезот го пречека обезбедувањето кој му ја побара пропусницата. Монтела објасни дека е селекторот на репрезентацијата, но обезбедувањето не го пушти додека не покаже пропусница. Италијанецот изнервиран, му ја впери пропусницата во лице и доби зелено светло да влезе.
Türkiye coach Vincenzo Montella was asked for his ID….😂 pic.twitter.com/79sYU5US9H
— Italian Football News 🇮🇹 (@footitalia1) June 22, 2024