Десниот крилен фудбалер Николче Шарковски ќе биде новиот фудбалер на Пелистер. Тој доаѓа од редовите на Воска Спорт, каде настапуваше само една сезона и одигра 12 натпревари.
Инаку Шарковски претходно играше и за Брера, Победа и Работнички. Сега треба да му помогне на битолскиот клуб да се врати во најсилната македонска фудбалска лига.