Германија во самиот финиш, во 90+2.минута успеа да се спаси од пораз со голот на Фулкруг на средбата со Швајцарија за конечни 1:1. Со тоа реми, со тој бод “панцерите“ на крајот го задржаа тоа прво место во групата – А.
По средбата селекторот Јулиан Нагелсман имаше што да каже:
“Мислам дека заслуживме да израмниме. Свесно ризикувавме и на крајот тоа ни се исплатеше. Мора да се каже дека Швајцарија беше одличем противник, но како што реков тие 1:1 се реални. Фулкруг повторно постигна гол, гол во вистински момент. Јасно е дека тој е важен играч за нас“ истакна покрај другото селекторот на “панцерите“.