Попладнево во Поградец, фудбалерите на Струга ТЛ во пријателски натпревар го победија Партизани, еден од најдобрите клубови во Албанија, со 1:0. Стрелец беше Јаровиќ во 80.минута. Ова беше втора контрола за момците на стратегот Ќатип Османи во текот на овие подготовки во пресрет на настапот во фудбалска Европа и прва победа. Да потсетиме дека пред неколку дена Струга ТЛ беше поразена од Тиквеш со 3:4.
И на денешниот ден Османи им даде шанса на повеќето играчи од својот ростер со цел да ја провери нивната моментална форма.
Веќе на 28 јуни Струга ТЛ ја чека контрола и со Тирана, а на 1 јули ќе се сретне со Лапи.
Познато е дека првиот меч од 1.квалификациско коло во ЛШ против Слован нашиот шампион го игра на 10 јули во Братислава со почеток од 19 часот, додека реваншот е закажан за 17 јули во Охрид со почеток од 17 часот.