Светското првенство во јуниорска женска конкуренција влезе во втората фаза, веќе се играат мечевите од главната фаза и Президент Купот. Репрезентациите веќе меѓу себе добро се познаваат, а дел од нив и навиваат на трибините за некоја од земјите против кои играле.
Денеска во СЦ „Борис Трајковски“, Ангола која нашите ракометарки ја совладаа и се пласираа во главната рунда навива за Македонија на дуелот против Португалија. На трибините еден од тренерите на главата имаше ставено марама во боите на нашата земја.
Пријателството секогаш е на прво место, ова најдобро го покажа оваа држава