Вирус ги фати и Холанѓаните, Циркзи е во кревет

168

Откако во првите денови на европското првенство неколку репрезентации има проблем со вирус, сега истото и се случува на Холандија.

Напаѓачот Џошуа Циркзи денеска не се појави на редовниот тренинг поради болест. Веста ја потврдија и од Холандскиот фудбалски сојуз.

Останува да се види дали Циркзи ќе биде фит за да учествува во последниот натпревар од групата во вторник навечер против Австрија. Младиот напаѓач се уште не доби шанса на ова ЕП, па и доколку не биде во тимот веројатно нема да биде голем минус за тимот на Куман.

На настинка се пожалиле уште двајца репрезентативци на „лалињата“, но тие денеска биле на тренингот.

ПретходноВардар ќе го брани пехарот на „Струшкиот турнир“, доаѓат и АЕК и Ескилстуна
СледноОФИЦИЈАЛНО: Струмица и Работнички ќе не претставуваат во Лигата на шампионите