Го имаме првиот осминафинален дуел на ЕП

3585

Италија како второпласирана репрезентација од групата Б се пласира во осминафиналето и таму ќе игра против Швајцарија која претходно избори место таму. Тоа ќе биде дуел меѓу соседите кој ќе се одигра во Берлин на 29 јуни.
А Шпанија, која е победник во групата Б, ќе чека една од третопласираните екипи од останатите групи. Тој меч ќе се игра на 30 јуни во Келн.

A по резултатите од последното коло од групата Б уште една репрезентација уште пред да почне третото коло влезе во осминафиналето. Тоа е Англија од групата Ц која има четири бода, што значи дека и да изгуби од Словенија сигурно ќе биде една од најдобро третопласирана екипа.

ПретходноЗакањи ја спаси Италија, за Хрватска само теорија, Албанија во „аут“ (видео)
СледноЕве што им треба на Хрватите за пласман во осминафиналето