Мирлинд Даку, репрезентативецот на Албанија и тоа како се “покажа“ на ова ЕУРО. Да потсетиме дека по мечот со Хрвтска тој јавно ги пцуеше Македонците и Србите. Тоа беше шок за сите, дури и ФС на Албанија мораше да се извинува. Се разбира дека засега е тоа е настанот бр.1 на ЕУРО, барем за овие простори.
Сепак уште пошокатно делуваше смешната казна на УЕФА која го суспендира пцујачот со само два меча неиграње.
Зарем простачкиот потег на еден фудбалер треба да биде казнет со само два меча?
На ова свој коментар имаше и Раде Богдановиќ, српскиот аналитичар чии коментари на овие простори и тоа како се респектираат:
“Едноставно Даку е примитивец. Тоа не е негов проблем зошто тој е примитивец. Познато е дека со таквите примитивци можеш вака или онака, но главната поента што направи УЕФА. Смешна, блага казна со која праќаш порака да утре дојдат со мегафон и извикуваат она што не треба. Можам да сфатам ако некој му наредил тоа да го каже, не се сите академски личности. Но, ова е првпат да видам еден сериозен примитивизам на едно големо европско натпреварување“ искоментира Богдановиќ.