Поранешниот македонски селектор, Данило Брестовац повеќе не е тренер на Ал Сафа. После пет месеци соработка, нашиот тренер одлучи да го напушти овој тим и да се сврти кон нови предизвици.
Брестовац на клупата на Ал Сафа дојде во февруари и за кратко време успеа да го направи невозможното за овој клуб. Му го нанесе првиот пораз после една година на актуелниот првак во С.Арабија и во азискиот шампионат, Ал Калеј и стигна до финалето во тамошниот Куп. Сезоната ја заврши на третото место на табелата на само два бода зад Ал Калеј и Ал Хада.
Брестовац во Ал Сафа дојде од Обединетите Арапски Емирати каде беше селектор. Во својата кариера покрај Металург и Тиквеш, работеше во Шамбери (Франција), Ред Бојс (Луксембург) и во последните години на Блискиот Исток како тренер на Ал Мудар.