Денеска на ЕУРО: “Коцкестите“ мора да ја победат Италија!

282

Вечерва од 21 часот се играат двете средби од 3.коло во групата – Б. Јасно е дека сите погледи се свртени кон Лајпциг, каде се среќаваат Хрватска и Италија. За избраниците на Златко Далиќ овој меч е да се биде или не. Во случај на победа тие одат во осминафиналето, во случај на пораз тогаш си одат дома. Со реми ги задржуваат шансите како една од четирите најдобро пласирани трети екипи да се “протнат“ во следната фаза, но за такво нешто ќе им треба и победа на Шпанија на мечот со Албанија.

Инаку Албанците се надеваат на чудо, Шпанците се сигиурни “први“, нема потреба да “гризат“, но сепак како да се победи “Фуријата“ или барем да се остане непоразен.

Сметките на Италија се чисти. Не смее да доживее пораз зошто во тој случај ризикува на крајот да биде и последна. Со реми или победа против Хрватите секако дека четата на Лучано Спалети ќе биде се пласира во следната фаза на ова ЕУРО.Image

ДЕНЕСКА НА ЕУРО 2024

ГРУПА – Б (21:00 Ч)

ЛАЈПЦИГ: ХРВАТСКА – ИТАЛИЈА

ГРУПА – Б (21:00 Ч)

ДИЗЕЛДОРФ: АЛБАНИЈА – ШПАНИЈА

ПретходноДанило Брестовац си отиде од Ал Сафа
СледноМакедонија против фаворитот Португалија ја почнува битката за 1/4 финале на Светското првенство