Екс репрезентативец на Романија: “Договорено е реми со Словачка! Зошто да се ризикува?“

463

Цела фудбалска Европа ќе ги следи настаните од мечот Романија – Словачка во групата – Е, кој се игра во среда. И тоа поради фактот дека со 0:0 и двете селекции одат во следната фаза.

Дали се подготвува “местенка“ е главното прашање на кое треба да одговорат и двете селекции на тој меч.

Данут Лупу, некогашен репрезентативец на Романија за медиумите во таа земја открива:

А, зошто да се ризикува? Ќе биде реми и мечот ќе заврши без голови. Тоа е договорено со Словачка. Со тој резултат и двете селекции одат натаму. Би била голема штета оваа шанса и ние и Словаците да не ја искористиме. На ова ниво да знаете дека играчите и тоа како се сложуваат“ истакна Лупу.

ПретходноМакедонија против фаворитот Португалија ја почнува битката за 1/4 финале на Светското првенство
СледноДенеска најголемиот во историјата полни 37 години!