Нашата јуниорска репрезентација одигра само нерешено 28:28 против Португалија во првиот меч од главната рунда на светското првенство во Скопје. Иако имавме одлично второ полувреме и предност од 4 гола, не успеавме да го привршиме мечот со победа. Португалките ни се вратија и на крајот освоија бод.
Нашите јуниорки одлично го одиграа првото полувреме на мечот. Покажавме стабилна игра и на пауза Португалија имаше предност од само еден гол (14-13).
Португалија го имаше почетното водство 4-2, но нашите ракометарки успеаја да вратат и да поведат со 4-6. Се играше гол за гол со тоа што Македонија повторно дојде на плус два 8-10 и 10-12, но не успеа да го задржи темпото. Пред самиот крај противникот со два гола по ред успеа да дојде до водство од 14-13 на одморот.