Шпанскиот репрезентѕативец Марк Кукуреља потврди дека нема намера за враќање во Ла Лига. За него интерес има од Барселона, но самиот фудбалер вели дека тоа се само гласини.
„Навистина, имаше одредени разговори, но се трудам да не слушам некои работи, ако не се блиску да се случат. Ако почнете да слушате се што се зборува за вас во печатот само ќе си ја мачите главата, отколку што можете да направите нешто корисно на теренот. Слушнав гласини дека има интерес од различни клубови, но навистина не знам многу за тоа. Не интервенирам додека не се појави конкретна понуда. Враќање во Барселона? Мислам дека Барселона е завршена за мене“, изјавил дефанзивецот на „фуријата“.