Македонија против фаворитот Португалија ја почнува битката за 1/4 финале на Светското првенство

212

Македонската женска јуниорска репрезентација денеска (16:15 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ го игра првиот меч во рамките на главната рунда на Светското првенство до 20 години ќе се одржува во Скопје.

Избраничките на селекторот, Дарко Јанев за противник во битката за четвртфиналето ја имаат Португалија, репрезентација која на оваа пресметка влегува како фаворит и која пренесе два бода во новофоримираната група 4, каде се уште Црна Гора (исто има два бода) и Исланд.

„Црвено-жолтите“ зад себе ја имаат победата над Ангола, која ги донесе во главната рунда. Нашите ракометарки ги чека тешка задача за пласман во четвртфиналето, ќе треба да ги победат и Португалија и Црна Гора за да влезат во кругот кој носи чекор напред.

Според системот на натпреварување, најдобрите две селекции од секоја група одат во четвртфиналето, а третопласираните играат за 9 до 12 место. Четвртопласираните, пак, ќе се соочат за пласман од 13 до 16 место.

Во нашата група 4, во терминот од 18:30 часот силите ќе ги одмерат Црна Гора и Исланд.

ПретходноДенеска на ЕУРО: “Коцкестите“ мора да ја победат Италија!
СледноЕкс репрезентативец на Романија: “Договорено е реми со Словачка! Зошто да се ризикува?“