Од синоќа и дефинитивно Мануел Нојер е рекордер. Германскиот голман на дуелот со Швајцарија го имаше својот 18-ти настап на Европските првенства и со тоа го надмина Џиџи Буфон кој остана на тие 17 настапи, додека по 16 настапи забележиле Едвин вад дер Сар (Холандија) и Руи Патрицио (Португалија), Хуго Лорис (Франција) 15 настапи.
Нојер и синоќа на мечот со Швајцарија покажа дека е екстра голман и дека селекторот Јулиан Нагелсман не погреши што му ја додели “единицата“ нему а не на Тер Штеген.
Да, Фулкруг во таа 90+2.минута постигна гол и израмни на 1:1, но претходно голманот на Баерн Минхен во неколку наврати го спасуваше својот репрезентативен тим од убедлив пораз со неколку фантастични одбрани.