Чудно, но сепак така е. Имено Новак Ѓоковиќ иако немаше настапи во изминатиот период поради повредата, сепак го мина Карлос Алкараз и сега е втор. Ова е поради фактот дека Шпанецот беше поразен во осминафиналето на турнирот во Квинс па остана без 450 поени и сега има 8.130. Новак и натаму е со 8,360.
Инаку Јаник Синер и натаму е лидер а оваа недела со уште поголема предност. Италијанецот победи во Хале па сега има 9.890 поени.