Македонските одбојкарски шампиони во машка и во женска конкуренција ќе бидат единствените два пријавени тима за европските одбојкарски купови за следната сезона.
Струмица во машка и Работнички в женска конкуренција до денеска имаа доставено пријави во канцеларијата на ОФМ за учество во најсилното европско натпреварување следната сезона. Струмица веќе трета сезона едноподруго ќе почне во квалификациите за Лигата на шампионите, додека Работнички по минатогодишното искуство во челинџ Купот, сега ќе се проба низ квалификациите во најсилното натпреварување, Лигата на шампионите.
Официјално, рокот за пријава истекува утре. Во првите денови на јули ќе се очекува и ждрепката, по што ќе ги дознаеме и првите противници на нашите состави. Останува од ЦЕВ и официјално да го потврдат форматот на натпреварување, кој ќестопати претрпува промени во квалификациската фаза.