Хрватска беше блиску но не успеа да ги освои бодовите против Италија во клучниот меч за пласман во осминафиналето. „Коцкастите“ теоретски останаа во игра за нокаут фазата како една од најдобро третопласирани екипи, со оглед на тоа дека имаат само два бода треба да се поклопат следните работи.
Во групата Ц, Англија да ја победи Словенија со три или повеќе голови разлика, а во истата група Данска да ја совлада Србија. Во тој случај Словенците би биле трети со два бода и полоша гол-разлика од Хрватите, а Србија би останала на еден бод.
Но тоа не е се. Во групата Ф, Португалија мора да ја победи Грузија, а Турција да ја победи Чешка. Тогаш Грузијците и Чесите би имале по бод па Хрватска би била пред нив.