Поранешниот тренер на ПСВ и некогашна ѕвезда на Манчестер Ј., Руд ван Нистелрој се согласил да му се приклучи на Ерик Тен Хаг со неговиот нов стручен штаб во Манчестер Јунајтед, објавија холандските медиуми.
Ван Нистелрој сметал дека ова е прекрасен предизвик за неговата кариера иако имаше отворена понуда да го преземе Барнли, кој испадна од Премиерлигата.
Поранешниот напаѓач работи како тренер во ПСВ Ајндховен од 2016 година. Во летото 2022 година ја презеде функцијата главен тренер на првиот тим, која ја напушти во мај 2023 година на едно коло пред крајот на националниот шампионат. Под водство на Ван Нистелрој, ПСВ го освои Суперкупот и Купот на Холандија.