Симоновски се враќа во мак-фудбалот – потпиша за Гостивар

1571

По десет години во странство, македонскиот напаѓач Марко Симоновски се враќа во македонскиот фудбал и тоа во редовите на Гостивар. Фудбалерот кој има 32-години ќе го предводи нападот на гостиварци и ќе пренесе искуство со оглед на тоа дека играше во бројни странски клубови, а последните години и во Косово.

Симоновски е дете на Вардар, но се истакна во Металург од Скопје од каде замина во странство, прво во руски Амкар Перм, па во Сплит, па Жетиси и Шахтјор Караганди во Казахстан, фински Лахти, романските Сепси и Волунтари, потоа во косовските Фероникели и Дрита, а последен клуб му беше Кизилкум од Узбекистан.
Тој има и три настапи за сениорската репрезентација на Македонија.

ПретходноФото на денот: Дијамантот се пофали со новиот имиџ!
СледноПозната саатницата за мечот Тиквеш-Бредаблик во ЛК