Дефанзивецот Леонардо Спинацола ја напушта Рома и заминува на југот на Италија, во редовите на Наполи. 31-годишниот фудбалер нема да го продолжи договорот со „волчицата“ кој истекува на 30 јуни 2024 година, па уште следниот ден ќе направи трансфер во Наполи со кого се договорил претходно, информира Фабрицио Романо.
Спинацола ќе потпише 1+1 договор со клубот чиј тренер во новата сезона ќе биде Антонио Конте.